ФА КУП: Челзи оди кај Манчестер Сити, Ливерпул ги чека Вулфс

207

Денеска на „Енфилд“ беше извршена ждрепката за третото коло од ФА Купот, првото во кое се вклучени премиерлигашките тимови. Во оваа рунда ќе имаме неколку двојки кои привлекуваат внимание.

Манчестер Сити за ривал го доби Челзи во се чини најајтрактивниот дуел во оваа фаза. Ништо понеинтересно нема да биде и на дуелите Манчестер Јунајтед – Евертон и Ливерпул – Вулверхемптон.

Меѓу останатите премиерлигашки екипи, Њукасл ќе се сретне со Шефилд В.. а Лидс Ј. ќе игра со Кардиф.

Натпреварите од третото коло ќе се играат од 6 до 9 јануари.

 

 

ПретходноРајковиќ и ЦСКА (М) не запираат: 13-та победа во ВТБ лигата
СледноТотална доминација: Бразил на два меча не дозволи да му шутнат на гол