Бензема почнува со тренинзи, се враќа и на СП во Катар?

277

Карим Бензема би можел да се врати во составот на француската репрезентација на СП во Катар доколку се опорави од повредата поради која мораше да си замине непосредно пред почетокот на Мундијалот. Веста ја потврдија од ФИФА.

Фудбалерот на Реал Мадрид и натаму е на списокот на Дешан, затоа што тој не повика ново име на негово место. Според радиото RMC, ФИФА потврдила дека играчот би можел да се врати во Катар, под услов така да одлучи Дешан.

Дел од медиумите објавија дека Бензема утре се враќа на тренинзи во Мадрид.

ПретходноФедерацијата го суспендираше, Сонг вели дека може да се врати во тимот, а тој веќе си заминал од Катар?!
СледноПо победата над Велс, ослободени 700 затвореници од иранските затвори