Кина со донација за Пингпонгарската федерација на Македонија

91

Пингпонгарската федерација на Македонија доби значителна финансиска помош од НР Кина преку нивната амбасада во Македонија за поддршка на развојот на новите млади пингпонгари.

Средствата од донацијата ќе бидат искористени за купување на професионална опрема за пинг понг (маси, рекети, гуми и топчиња) создавајќи една база  на опрема која ќе се користи за сите нови млади талентирани играчи во земјата со кои што Пингпонгарската федерација заедно со клубовите членови на истата ќе преземат одговорност за нивниот понатамошен професионален развој во овој спорт.

ПретходноВо Белгија врие: Де Бруин и Азар ќе се тепале, Лукаку и Батшуаи не сакаат да се видат
СледноЗемјотресот во Јувентус донесе нови имиња: Ревизор стана нов претседател на „Старата Дама“