Последна рунда: Англија и Холандија на чекор до осминафинале, кој друг ќе им се приклучи?

150

Денеска во Катар стартува последното, 3. коло од групната фаза по која полека ќе ги добиеме сите 16 репрезентации кои ќе минат во втората фаза од натпреварувањето. Попладнево од 16 часот ќе стартуваат двата меча од последната рунда во првата група, каде засега ниту една од селекциите нема сигурен пласман во следната рунда.

Катар целосно отпадна од борбата за пласман во осминафиналето, но Холандија е речиси со една нога во следната фаза. Денеска „лалињата“ играат против домаќините на Мундијалот и ќе имаат отворен пат и со бод да дојдат до осминафиналето.

 

Вториот тим кој ќе патува во осминафиналето ќе го одредат во директен дуел Еквадор и Сенегал. Јужноамериканците имаат 4 бода, Африканците имаат 3, па Еквадор е во подобра позиција на стартот на мечот, затоа што и со реми може понатаму.

 

Во терминот од 20 часот не очекуваат двата меча од 3. коло во групата „Б“. Таму Англичаните влегуваат со 4 бода од првите две средби, па се речиси во плеј-офот: Денеска играат со своите соседи од Велс, кои како аутсајдери влегуваат во ова 3. коло, затоа што не успеаја да остварат победа во првите две средби и со само еден бод влегуваат во денешната пресметка.

 

Во вториот меч за „виза“ за осминафинале ќе се борат Иран и САД. Иранците имаат три бода, Американците само два, но се уште се непоразени. Ова ќе биде повеќе од фудбалски меч, пред се и поради затегнатите политички односи меѓу двете земји.

 

 

ПретходноЗемјотресот во Јувентус донесе нови имиња: Ревизор стана нов претседател на „Старата Дама“
СледноДалас носи ново засилување: Кемба Вокер ќе му биде партнер на Дончиќ