Ибра со порака за Роналдо: Не се прави луд, затоа и Тен Хаг те избрка од Јунајтед

3698

Откако денеска повторно се разви полемика дали Роналдо ја допре топката по нафрлувањето на Бруно Фернандеш на синоќешниот дуел со Уругвај и дали ФИФА ќе му го запише тоа како негов гол, со свој став се јави Златан Ибрахимовиќ:

„Секој знае кога ја допрел топката, а кога не. Најбесрамно е да заборавиш дека камерите ќе ја откријат вистината. Требаше да прослави со Бруно, да му каже, да тоа беше твој гол, јас не ја допрев таа топка, наместо да се обидува да привлече непотребно внимание во јавноста. Ова јасно покажува дека тој сака се да биде за него, затоа и Тен Хаг го избрка од Јунајтед. Едноставно сега медиумското око е насочено кон Меси за одржување на Аргентина во живот на турнирот, па тој сега се обидува да го украде вниманието и од Меси и од Бруно. Фудбалот не е за крадци“, порача Ибра.

ПретходноНавивачот кој втрча на терен е фудбалер кој играше и во УЕФА Конференциската лига
СледноИН МЕМОРИАМ: Почина проф. др. Јовица Угриновски!