Јувентус има нов претседател

255

Џанлука Фереро ќе биде следниот претседател на италијанскиот фудбалски клуб Јувентус , објави најновото издание на „Тутоспорт“. Ова доаѓа откако целиот Управен одбор, предводен од претседателот Андреа Ањели, поднесе оставка по најновиот финансиски скандал кој го погоди клубот. 

Сопствениците на Јувентус од „Ексор“ го предложија новиот претседател. „По одлуките на Управниот одбор на Јувентус и во поглед на Генералното собрание, кое е свикано на 18 јануари 2023 година, „Ексор“ објавува дека ќе го номинира Џанлука Фереро за функцијата претседател на Јувентус . Фереро ги поседува потребното искуство и капаците, како и апсолутната страст за клубот, кои го прават најадекватен човек за преземање на функцијата“, се вели во соопштението на компанијата. 

 

ПретходноМЗТ Скопје според планот, Чаир лесен „плен“
СледноХенеберг го уништи Мотор, Пелистер го освои Диселдорф за втора европска радост!