Денеска на Мундијалот: Меси и Аргентина на сцена, “гаучосите“ преку Полска до осминафинале!?

244

 

Денеска на Мундијалот со одигрување на натпреварите од 3.коло ќе го добиеме расплетот во групите Ц и Д. Ќе дознаеме дали Аргентина ќе го продолжи мундијалскиот сон за титулата, дали Полска и Данска ќе се пласираа во осминафиналето или пак тоа ќе го сторат Австралија или С.Арабија и Тунис.

Во очекување сме на еден фудбалски спектакуларен ден, во тоа нема сомневање.

 

ГРУПА-Д (16:00 Ч)

АВСТРАЛИЈА – ДАНСКА

ТУНИС – ФРАНЦИЈА

Од 16 часот во групата – Д се среќаваат Австралија – Данска и Тунис – Франција. Јасно е дека “триколорите“ се веќе во осминафинале, а својата шанса ја бара и Тунис, но тоа е нереално. Треба да се победи Франција со 4-5 голови разлика и да има реми на вториот меч.

Токму затоа Данска и Австралија во директен дуел ќе решаваат за вториот патник во следната фаза. На Австралијанците им е доволно и реми, Данска мора да победи.

ГРУПА-Ц (20:00 Ч)

ПОЛСКА – АРГЕНТИНА

С.АРАБИЈА – МЕКСИКО

Фудбалскиот свет е во очекување на мечот меѓу Полска и Аргентина. Расплетот во групата –Ц ќе покаже дека Меси и Аргентина преку Полска ќе успеат да останат во Катар или ќе се вратат дома.

Меси и “гаучосите“ со победат натаму и тоа е сигурно. Во случај на реми со Полска тогаш треба да се надеваат дека С. Арабија нема да го победи Мексико. Ако Аргентина одигра реми со Полска а Мексико ја победи С. Арабија со повеќе од четири голови тоа исто ќе значи крај на сонот на Меси.

Ако С.Арабија го победи Мексико тогаш сигурно оди натаму без разлика што ќе се случува на вториот меч во групата, тогаш или Меси или Левандовски ќе мора да си заминат дома.

Мексиканците се во најлоша ситуација, тие мора да ја победат С. Арабија и во исто време ќе треба Полска даја победи Аргентина, има и други варијанти но оваа е најреална за нив.

На Полска и е доволно и реми со Аргентина, но и ако загубат имаат шанси но тогаш ќе треба на вториот меч да биде реми а тие да не примат повеќе од два гола.

Значи дигитроните во рака. Во секој случај ќе биде супер интересно.

Evo što nas danas čeka na Svjetskom prvenstvu i gdje možete gledati utakmice

ПретходноМарка: Готово е, Роналдо има нов клуб и најголем договор во историјата на фудбалот
СледноИ Алегри беше пред заминување, но газдата има други планови!