Најголемото македонско фудбалско дерби, овојпат сепак, со предзнак ВМФЛ; помеѓу екипите на Пелистер и Вардар, викендов се игра во Битола на 3 декември. Дефиниран е датумот, но и фактот дека гостите, ФК Вардар и официјално ќе има навивачка подрршка.
Спортмедиа дознава дека Пелистер дозволи во Битола да пристигнат навивачите на Вардар, како што беше претходно најавено и побарано од страна на „црвено – црниот“ табор.
Па така, по големата прослава по повод 35 години од постоењето во само неколку дена втор голем настан за „Комити“. Гостување во Битола, нешто за што секој навивач на Вардар живее што се вели.
„Комити“ најавуваат сигурна бројка од преку 300 членови, и секако голема подрршка на нивниот омилен клуб.