Дисциплинецот одлучи: Шкупи е казнет со 6 натпревари надвор од Скопје!

1497

По сите оние инциденти кои се случуваа на средбата од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија, имаше прекин и тетовци службено го добија тој меч, сега се знае и висината на казната која ја изрече Дисциплинската комисија на ФФМ.

А таа е дека шампионот на следните шест натпревари не може да игра на Чаир туку надвор од Скопје во град со стадион кој е одалечен најмалку 100 км. Инаку на овие мечеви може да има публика. Шкупи веќе одработи еден натпревар, тој со Скопје кога играше како домаќин во Кичево. И наредниот меч, со Брегалница викендов ќе го игра исто во Кичево.

ПретходноПелистер дозволи, Вардар потврди, Комити пристигнуваат на дербито во Битола
СледноФудбалски фестивал за девојчиња, „Ајде на фудбал“