Го имаме најстариот, но го имаме и најубавиот дрес. Тоа е факт, тоа сите го признаваат. Црвениот дрес со сонцето како главно во дизајнот.
Денеска против Украина ќе играме со најубавиот и најпосакуван дрес што некогаш нашата репрезентација го имала и веројатно ќе го има. Јавноста кажа што мисли за овој дрес, кој можеби ни донесе и среќа.
Да се потсетиме дека за првпат Македонија играше со овој дрес на 28 март 2017 година на пријателската средба против Белорусија, кога победивме со 3:0.
Од тогаш овој дрес ни носи среќа.
Нема што, од тогаш Сонцето светна и ни ги покажа патот кон ЕП.
Најстариот, но и најубавиот дрес на ЕУРО 2020.
Е, па, нека биде среќен и денеска против Украина.