Смешно беше она синоќа да се гледа како тоа селекцијата на Полска игра против Аргентина. Навистина нема правда понекогаш во светот на фудбалот. А синоќа во Катар правдата ја немаше.
Па, како може поинаку да се каже дека некој ги “награди“ фудбалерите на Полска и тоа со пласман во 1/8 финалето. А, бре барем еднаш да нападнеа кон голот на “гаучосите“, барем еднаш и тоа на 0:2 да се обидоа да постинат гол. Знаејќи дека резултатот од вториот меч во групата, оној меѓу Мексико и С. Арабија им одговараше па затоа Левандовски и другарите просто си се шетаа по теренот. Јасно е дека Аргентина е подобра селекција ама немањето желба нешто да се стори е навистина нешто неверојатно.
Искрено цел фудбалски свет вчера беше на страната на Мексико, само еден гол недостигаше.
А по мечот, кога се беше готово одвратно беше да се гледа славјето на Левандовски и другарите по пласманот во осминафиналето, одвратно…
Затоа на следниот меч нека се чуваат, Мбапе, Гризман, Дембеле и останатите се “острат“…тешко на Шчесни.
Полјаците се смеат, а фудбалот плаче…