По првите 45.минута во осминафиналниот меч попладнево во Катар, Франција има водство од 1:0 на дуелот со Полска. Светскиот првак се мачеше, имаше и неколку прилики но Шчесни беше одличен на голот. Полска одигра исто така добро имаше и три големи шанси, но Оливие Жиру во 44.минута постигна гол за водство за Франција. Ова беше негов 52 гол за репрезентацијата на Франција со што стана најдобриот стрелец во историјата на оваа селекција.