Денешното претпоследнот есенско ПМФЛ коло донесе доста интересни и неизвесни мечеви. Неколку голови, не премногу, дел од нив беа убави за око. Сепак, еден момент, оној на дуелот Македонија ЃП – Шкендија кој Тетовци го добија со 1:3 ќе остане запаметен како промашување веројатно на полусезоната.
Во самиот дуел на мечот, резервистот на Шкендија, Јакупи, имаше колосална шанса да се запише во листата на стрелците, откако тој и Дориев излегоа сами пред голманот Стевковски. Дориев несебично кон младиот Јакупи, овој на празен гол буквално шутираше два метра над гредата. Да се надеваме дека ова промашување нема премногу да влијае на самодовербата на младиот фудбалер.