ФС на Косово бара ФИФА да ги казни Пикси и ФС на Србија

271

Фудбалскиот сојуз на Косово поднесе жалба до ФИФА против Србија и селекторот Драган Стојковиќ Пикси. Причината се случувањата на мечот меѓу Србија и Швајцарија кога се чуле политички порака и расистички повици упатени против Албанците.

Истакнување на пароли со политички пораки и расистички повици против Албанците се слушаа за време на целиот меч, а за нив известуваа и светските медиуми. Бесмислена и апсурдна е омразата која со години го потхранува мислењето во соседната држава кон албанскиот народ воопшто. ФС на Косово бара од ФИФА да го истражи овој случај и да изрече санкции за ФС на Србија, и еднаш засекогаш фашистичките скандирања да престанат на фудбалските стадиони како и на манифестациите како Светското првенство“, пишува во соопштението на ФС на Косово.

 

ПретходноАнглија ги скроти „Лавовите од Теранга“ и закажа четвртфинале со Франција (видео)
СледноСелекторот на Полска: Нема магичен рецепт како да се запре Мбапе