Фијаско на „Северна“ на шалот Македонија!

20931

Како на секое големо натпреварување така и на ова ЕП 2020 фановите можат да купат многу реквизити од официјални, но и неофицијални продавачи или препродавачи.

Еден интересен податок од крај Националната арена во Букурешт каде оние неофицијалните прават бизнис. Но, за бизнис треба „сенс“, а одредена група направи таква катастрофална грешка која скапо ќе ги чини.

Направиле шалови за дуелите на нашиот национален тим со Австрија и посебни за Украина. Но каде згрешија? Им се случи фијаско затоа што ставиле „North Macedonia“.

„Не знаевме… Продадовме само еден ваков шал за дуелот со Австрија и до сега ниту еден за Украина…“, речиси со насолзени очи коментира еден од нелегалните продавачи по улиците на Букурешт. За разлика од оваа група која остана со празни раце, како алва одат шаловите во официјалната “фан шоп“. Таму стои кодот МКД. Ова е гласот на народот, навивачите..

ПретходноОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Сепак, стартуваме со Ристовски во дефанзива, Николов повторно како крило
СледноУкраина – Македонија: Време е за победа, време е за прва радост…