Луј ван Гал подготвува одмазда за Аргентинците. Како селектор на Холандија, тој беше елиминиран во полуфиналето на СП 2014 во Бразил од Аргентина по изведување на пенали.
Тоа беше еден од најтешките порази во кариерата на Ван Гал, а осум години подоцна има шанса да му се реваншира на Лионел Меси, кој ќе биде главна закана.
Сепак, Ван Гал има план за најдобар играч во светот.
„Меси е убедливо најопасниот креативен играч. Тој е способен да создава шанси и да постигнува голови од ништо. Меѓутоа, кога ќе ја загуби топката или некој од неговите соиграчи не се труди да учествува многу, тие моменти ќе бидат нашата шанса“, рече Ван Гал.
По оваа изјава следеше прашањето кај планира да го сопре Меси, а одговорот беше краток.
„Ќе видите во петок“, беше краткиот одговор.