Во текот на изминатиот викенд се одиграа натпреварите од 17.коло во ПМФЛ и 14.коло во ВМФЛ. Судиската комисија ги разгледа спорните моменти на мечевите каде што ги имаше и заклучи дека судиите добро си ја одработиле својата работа, дека немало грешки од нивна страна.
Во продолжение можете да ги прочитате целиот извештај на Судиската комисија на ФФМ:
„
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 17 коло на ПРВА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФКТиквеш – ФК Силекс одигран на 04.11.2022 година, анализирана е ситуацијата од 71 минута.
Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.
71 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на гостите додаде топка до свој соиграч кој во момент на додавање беше во линија со предпоследниот играч од одбраната на домаќините, но друг соиграч се наоѓаше пред нив во офсајд позиција, меѓутоа без да влијае на движењето на одбранбените играчи. Играчот што се наоѓаше во линија со одбранбениот играч ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е регуларен бидејки играчот што се наоѓаше во офсајд позиција не влијаеше на движењето на одбранбените играчи, а играчот што ја прими топката и го постигна голот, во моментот на додавањето се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната).
На натпреварот ФК Македонија Ѓ.П- ФК Шкендија одигран на 04.12.2022 година, анализирана е ситуацијата од 51 минута.
Главен судија: Јован Качевски. Помошни судии: Даниел Василевски и Мартин Дејаноски.
51 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА ( Недосудено офсајд позиција)
Играч од екипата на домаЌините биеше кон голот на гостите, во моментот на шутот негов соиграч се наоѓаше во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите, топката се одби од стартивата и дојде до соиграчот, кој ја прими топката и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, голот е регуларен, бидејки играчот од нападот на домакините, во моментот на шутот кон голот на гостите се наоѓаше во дозволена позиција (во линија со предпоследниот играч од одбраната на гостите).
На натпреварот ФК Струга – ФК Академија Пандев одигран на 04.12.2022 година, анализирани се ситуациите од 88 минута.
Главен судија: Ндерим Тефику. Помошни судии: Бранко Путилин и Александар Недевски.
88 минута: ДОБРА ПРОЦЕНА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на домаќините беше во посед на топката во шеснаесетникот на гостите, сакајки да го помине играчот од одбраната на гостите дојде до контакт, каде што играчот од одбраната со двете нозе стоеше мирно и без да направи никакво движење со ногата, тој контакт играчот од нападот сакаше да го искористи да изнуди удар од 11 метри и падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, играчот од нападот на домакините се обиде да изнуди контакт од ногата на играчот од одбраната на гостите.
На останатите натпревари од ПРВА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.
Судиска комисија ги разгледа спорните моменти од 14 коло на ВТОРА МФЛ и ги донесе следните заклучоци:
На натпреварот ФК Пелистер – ФК Вардар одигран на 03.12.2022 година анализирана е ситуацијата од 83 минута.
Главен судија: Стојанче Трпчевски. Помошен судија: Драган Трпчевски и Душко Панов.
83 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)
Играч на гостите додаде топка во шеснаесетникот на екипата на домаќините, негов соиграч ја прими топката и постигна гол, меѓутоа во момент на додавање од својот соиграч, играчот на гостите се наоѓаше понапред од предпоследниот играч од одбраната на домакините.
Исправна одлука на вториот помошен судија, голот е поништен и додсудено е офсајд позиција, бидејки играчот на гостите во моментот на додавање на топката од својот соиграч се наоѓаше во недозволена позиција (понапред од предпоследниот одбранбен играч на домакините)
На натпреварот ФК Детонит – ФК Воска одигран на 03.12.2022 година анализирани се ситуациите од 40 и 90+5 минута.
Главен судија: Боби Величков. Помошен судија: Роберт Црвенов и Александар Ајдаров.
40 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досуден судиска топка)
Гледач од публика свири со свирче, во тој момент играч од одбраната на домаќините надвор од својот шеснаесетник ја фаќа топката со рака мислејки дека судијата свирнал.
Исправна одлука на главниот судија, досудено судиска топка за екипата која последна играше со топката..
90+5 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА ( Досудено слободен удар)
На средина на теренот, предпоследниот играч од екипата на домаќините сакајки да ја поведе топката беше турнат од позади грб од играч од нападот на гостите и падна, со тоа играчот од нападот се здоби со предност односно ја зема токпата во посед и излегуваше во очигледна шанса за гол (сам пред голман), меѓутоа главниот судија досуди слободен удар за играчот од одбраната.
Исправна одлука на главниот судија што досуди слободен удар за играчот од одбраната на домаќините, бидејки над него беше направен прекршок (турнат од позади грб).
На натпреварот ФК Охрид –ФК Слога Виница одигран на 03.12.2022 година анализирана е ситуацијата од 35 минута.
Главен судија: Марјан Дејаноски. Помошен судија: Осман Зекири и Идриз Идризи.
35 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од нападот на гостите беше во посед на топката странично од голот во 16 – сетникот на домаЌините, играч од одбраната на домакините минимално го турна играчот од нападот и истиот го искористи контактот и падна.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за удар од 11 метри.
На натпреварот ФК Пехчево-ФК Саса одигран на 03.12.2022 година анализирани се ситуациите од 21,72 и 74 минута.
Главен судија: Благојче Ралевски. Помошен судија: Владимир Митревски и Дарко Василевски.
21 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Недосуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите беше во посед на топката во шеснаесетникот на домаќините, дојде до минимален контакт (со нога) со играчот од одбраната на домаќините и истиот падна сакајки од тој контакт да изнуди удар од 11 метри.
Исправна одлука на главниот судија што дозволи играта да продолжи, бидејки контактот беше минимален и без интензитет, недоволен за да се досуди удар 11 метри. Главниот судија во оваа ситуација беше одлично поставен.
72 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Досуден удар од 11 метри)
Играч од екипата на гостите странично од шеснаесетникот на домаќините центрираше, во тој момент играч од одбраната на домаќините во својот шеснаесетник прави лизгачки старт со раката високо подигната (неприродна положба) и топката го удира во рака.
Исправна одлука на главниот судија, досуден удар од 11 метри за екипата на гостите, бидејки топката кога го удри во раката таа се наоѓаше во неприродна положба (високо подигната над глава).
74 минута: ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ПРВИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (Досудено офсајд позиција)
Играч од екипа на домаќините центрираше во шеснаесетникот на гостите, топката дојде до негов соиграч кој ја додаде до друг свој соиграч кој во момент на додавање се наоѓаше пред предпоследниот играч од одбраната на гостите и постигна гол.
Исправна одлука на првиот помошен судија, досудено офсајд позиција бидејки во момент на додавање на топката од својот соиграч, играчот што постигна гол се наоѓаше во недозволена позиција (пред предпоследниот играч од одбраната на гостите).
На натпреварот ФК Арсими – ФК Беласица одигран на 03.12.2022 година анализирана е ситуацијата од 56 минута.
Главен судија: Димитар Пилешков. Помошен судија: Богданчо Ѓорѓиев и Јордан Ѓорѓиев.
56 минута:ДОБРА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (Доделен ЦРВЕН картон)
Играч од екипата на домаќините додаде топка до свој соиграч пред шеснаесетникот на гостите централно од голот,пред соиграчот да ја прими топката беше повлечен од позади грб од предпоследниот играч од одбраната на гостите и истиот спречи очигледна шанса за гол (напаѓачот да излезе сам пред голман).
Исправна одлука на главниот судија, досуден слободен удар за екипата на домакините и доделен ЦРВЕН картон за спречување очигледна шанса за гол.
На останатите натпревари од ВТОРА МФЛ немаше спорни ситуации за судиска анализа.