Селекторот на Португалија Фернандо Сантош не беше презадоволен од настапот на националниот тим против Швајцарија и победата од 6:1. Тој посочи дека перформансот не беше комплетно перфектен.
„Не е перфектна, но беше успешна вечер. Имавме став, концентрација и одигравме добро. Беше одлично, но ајде да не летаме, да се спуштиме на земја“, изјави Сантош за „РТП“.
На прашањето за промената на Гонсало Рамош со Роналдо изјави:
„Веќе објаснив и нема повеќе да објаснувам. Тие се различни играчи“.
Рамош го замени Роналдо и постигна хет-трик, но не е сигурен дека ќе игра на следниот меч.
„Се се случи многу брзо. Дали ќе бидам стартер и на наредниот меч? Не знам, тоа не зависи од мене. Јас работам максимално и сакам да играм, но селекторот ќе каже. Роналдо секогаш ги поддржува фудбалерите, ги мотивира и кога не е во стартниот тим како вечерва. Тој е капитен, се труди да помогне. Зборува со секого, зборуваше и со мене“, вели Рамош.