Повторно нашите фанови прават супер атмосфера на трибините на Националната Арена во Букурешт. На неколку минути пред почетокот на мечот ечи – Македонија, Македонија.
Во неделата со Австрија имаше повеќе од 3.500 наши фанови, попладнево ги има според слободна проценка околу 2.500.
Сосема доволно за уште едно фантастично навивање.