Херојот на Мароко својата радост по триумфот над Шпанија ја подели и со својата мајка! (ФОТО)

278

Роден во Шпанија, ја мина младинската академија на Реал Мадрид, но го одбра Мароко за своја репрезентација. Се разбира дека тоа е Ашраф Хакими, членот на ПСЖ и најдобриот фудбалер на Мароко кој вчера во пенал – серија од 1/8 финалето го постгигна решавачкиот гол за триумф и пласман во 1/4 финалето на Мундијалот. Секако и најдобриот десен бек во светот во моментот.

Image

Тој никогаш не криел дека имал тешко детство…

Мојата мајка чистеше по куќите во соседството, мојот татко беше уличен продавач. Доаѓам од скромно семејство кое едвај преживуваше. Денеска се борам за нив секој ден. Тие се жртвуваа за мене, им кратеа на моите браќа само за да ја успеам. Сега сакам сето тоа да им надополнам“ посочи Хакими кој откако ја подели радоста со соиграчите по победата над Шпанија со негоиот гол од пенал истрча накај трибината каде што беше неговата мајка со која заеднички ја поделија големата радост.

ПретходноБурата продолжува: Роналдо одбил да тренира со резервните играчи на Португалија!
СледноФранцуската легенда е главен кандидат за селектор на Белгија!