По вториот пораз од ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ, Уникс Казан им се врати на победите. На гостувањето кај Енисеј славеа со 79-89 во рамките на 15 коло во ВТБ лигата.
Тимот за кого настапува Ненад Димитријевиќ ја загуби само првата четвртина (22-16), а потоа фати ритам. Најдобриот македонски кошаркар имаше десет асистенции, постигна и шест коша.
Во игра мина 26 минути имаше 0/1 за три и 3/5 за два поени, на својот учинок додаде една украдена топка и две изгубени топки.