Ван Гал: За Ди Марија сум најлошиот тренер на свет, прашајте го Мемфис, се бакнуваме во уста!

845

Играчот од средниот ред на Аргентина Анхел ди Марија ги откри причините за заминувањето од Манчестер Јунајтед во 2015 година. Тоа го направил поради менаџерот Луис Ван Гал од кого постојано добивал критики, па дури и кога ќе одиграл добар меч. Сега Ван Гал е холандски селектор, а еден против друг ќе се соочат во четвртфиналето на СП во Катар.

Нашиот однос ‘пукна’, очајно сакав да го напуштам Манчестер Јунајтед. Менаџментот го знаеше мојот проблем со Луис Ван Гал. Се сеќавам на еден меч победивме 3:0, јас дадов гол и асистирав, а следниот ден тој ме повика во канцеларија и ми покажа видео од секое мое неуспешно додавање. Ме стави на клупата следниот меч. Не сакаше фудбалерите да се над него. Дефинитивно најлошиот тренер во мојата кариера“, го цитира Аргентинецот порталот TyC Sports.

На тоа одговори и холандскиот селектор:

Тренерот понекогаш мора да носи одлуки кои не се секогаш пријатни за секого. Но, верувајте ми, тренерот не прави ништо без причина“.

71-годишниот тренер потоа го даде примерот за неговиот однос со Мемфис Депај.
Во Манчестер не го земав Мемфис за финалето на ФА Купот. А, погледнете како се однесуваме сега еден со друг. Сега се бакнуваме во уста. Да, така е во фудбалот“, се пошегува Ван Гал.

Мемфис почна да се смее на тоа, а Ван Гал додаде.

Штета што Мемфис повеќе не сака бакнежи во уста, но тоа исто така е и добра работа…“.

ПретходноФК Вардар: Не ни ги одобрија другите терени, па одбравме во Маџари во петок
СледноСкалони: Видете, ние планираме да ја победиме Холандија во регуларниот дел