Дефанзивецот на Арсенал, Бен Вајт, го напушти англискиот состав на Светското првенство во Катар по кавга со помошниот тренер Стив Холанд, објавија денеска медиумите на островот.
Фудбалската асоцијација на Англија на почетокот на минатата недела објави дека Вајт го напушта Катар поради „лични причини“. Сепак, вистината е сосема поинаква.
25-годишниот фудбалер не настапи на ниту еден од трите натпревари на Англија во групната фаза, а „Дејли Стар“ известува дека Вајт се мачел да се вклопи во целиот тим до кулминацијата и караницата со „десната рака“ на Саутгејт.
Вестите велат дека Холанд и Вајт имале жестока расправија кога дефанзивецот неподготвен се појавил на дебрифингот пред натпреварот во САД, не знаејќи клучни информации за сопствената статистика и задачи. Асистентот менаџер се налутил и поради тоа што Вајт „немал поим“ со кого треба да играат на следниот меч, иако претходно биле гледани видеа од сите ривали.а