Балканот е на нозе. Хрватска го исфрли Бразил од СП и тоа во 1/4 финалето. Откако “коцкестите“ беа подобри изведувачи на пеналите заслужено одат во полуфиналето.
Секако дека среќен беше и Гоце Седлоски, легендата на Динамо Загреб, некогашен фудбалер и на Хајдук.
„Јас и пред неколку дена за вашиот портал реков дека ја гледам Хрватска далеку, далеку и на овој Мундијал. Секоја чест, браво за Хрватска. Мислам дека денеска цел Балкан беше за момците на Далиќ. Хрватска покажа како треба да се игра протов еден Бразил. Честитки и сега ја гледам Хрватска во финалето. Феноменални се Модриќ и компанија, невидена дисцилина, желба за успех, просто гинат кога играат за дресот на својата земја“ истакна Седлоски за “Спортмедиа“ веднаш по завршување на големиот дуел во Катар.