Ливаковиќ со единаесет одбрани и титула играч на натпреварот

175

Домоник Ливаковиќ дефинитивно е човекот поради кој Хрватска по трет пат во својата историја ќе игра полуфинале на еден Мундијал.

Голманот на Динамо брани во фантастична форма во моментов, и по бравурите против Јапонија, денеска и проти Бразил покажа дека е сериозно квалитетен голман на светско ниво.

На денешниот меч тој забележа фатнастични единаесет одбрани, што во компарација со Алисон голманот на Бразил делуваат нестварно. Имено, тој ззабележа само пет на целиот турнир.

Само Војчех Шчесни беше наблиску до оваа бравура од натпревар на Ливаковиќ кога против Аргентина имаше девет успешни интервенции.

Секако, Ливаковиќ е прогласен за играч на натпреварот.

 

ПретходноНикола Митревски ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампиони (ВИДЕО)
СледноСолзите на Нејмар, солзите на Бразил! (ФОТОГАЛЕРИЈА)