Златко Далиќ покажа уште еднаш дека е селекториште. Хрватска одигра тактички феноменално и на крајот успеа да го помине Бразил во една епска битка и да си закаже полуфинале со Аргентина. Меч кој се игра во вторник во 20 часот.
За тоа дали може Хрватска до уште едно чудо, хрватскиот селектор изјави:
„Веднаш стартуваме со подготовките за овој натпревар. Аргентина е многу мотивиран, имаат голем број фанови како поддршка тука во Катар. Јасно е дека не треба да му се остави простор на Меси. Исто така јасно е дека штом имале 2:0 против Холандија и дозволиле да дојде до 2:2 значи и не се баш толку добри, факт е дека ранливи. Но тоа нема нам да ни значи ништо ако ние не сме на потребното ниво“ рече Далиќ.