Хит изјава: Бразилците загубија зошто се ШАТИРААТ! (ВИДЕО)

265

Поразот на Бразил од Хрватска во 1/4 финалето на Мундијалот никого не остави рамнодушен. Сите си имата свои теории зошто Нејмар и компанија со плачење си заминаа дома.

Една од оние хит – изјави што се вели ја имаше Раде Богдановиќ, некогашен познат фудбалер кој во моментов е стручен коментатор на РТС.

Според него главната причина за овој пораз на Бразилците е што тие се шатирале.

Зошто Бразил загуби!? Е, па загуби затоа што на автобусот на Хрватска пишува `семејство`. А тие Бразилците, пред три дена се шатираа. Па погледнете на што личат Нејмар, Ришарлисон, Родриго, Антони. Тие се занимаваа со своите фризури“ посочи Богдановиќ.

Инаку тој имаше и свое видување за Ришарлисон…

Тој ни даде нас гол и ние го дигнавме до небо. Според мене тој е убелдиво најслабиот центарфор на Бразил во историјата на едно СП, ај да кажам од 1994 година па наваму. Бебето, Ромарио, Роналдо, Ривалдо…и како сега тој Ришарлисон да го споредуваш со нив. Смешно“ објасни стручниот коментатор на РТС.

ПретходноМароко пред уште една сензација, води против Португалија на полувреме (ВИДЕО)
СледноИлјадници мароканци останаа пред портите на стадионот