Расплаканиот Кејн остана сам на теренот: Саутгејт ги презеде работите во свои раце (ВИДЕО)

1113

Англија го заврши патувањето на Светското првенство во Катар. Во четвртфиналето синоќа подобра беше Франција со резултат 1:2, што пак е уште еден голем удар за фудбалот.

Во 83. минута Хари Кејн промаши пенал за 2:2. Сигурно нема да му биде лесно во наредните денови. Ќе има многу коментари од островската јавност.

Сепак, целата ситуација би можел да ја смири тренерот Герет Саутгејт.

Саутгејт по натпреварот го тешеше расплаканиот Кејн како да му докаже дека тој се уште е вистинскиот лидер на оваа генерација англиски фудбалери и дека слични работи се случуваат во фудбалот.

 

ПретходноСупер-лигашите сигурни во првата Куп фаза!
СледноЕсенскиот шампион сака со стил да ја заврши годината!