ПМФЛ: Скопско дерби на Маџари за крај на есенската полусезона, Силекс ги дочекува “лавовите“

286

 

Денеска со мечевите од 18.коло се става крај на есенската полусезона во ПМФЛ од тековниот шампионат 2022/23. Следува пауза до 19 февруари идната година. За крај на оваа полусезона на програмата е скопското дерби меѓу Работнички и актуелниот првак Шкупи. Ова се два клуба кои заедно „тежат“ осум титули во нашата елитна лига. Се разбира дека ќе биде интересно на стадионот во Маџари со оглед на тоа дека и на двете екипи бодовите им се повеќе од потребни. Кога сме кај традицијата интересное тоа што на последните пет средби тимот од Чаир има забележано исто толку победи. Работнички последен пат победил пред речиси две години и тоа како гостин.

Силекс кој оваа есен беше едно од најпријатните изненадувања на свој терен во Кратово ја дочекува Македонија ЃП. Се очекува интересен дуел. Во Струмица домашниот состав на А. Пандев мора по секоја цена да дојде до триумф против Тиквеш. Брегалница ја дочекува Победа а на Автокоманда играат Скопје и есенскиот шампион тимот на Струга ТЛ. Овде се очекува отворен и супер интересен дуел.

Шкендија во ова 18.коло е слободна.

ДВОЈКИ ЗА 18.КОЛО – ДЕНЕСКА (13 Ч)

СКОПЈЕ – СТРУГА ТЛ

А.ПАНДЕВ – ТИКВЕШ

СИЛЕКС – МАКЕДОНИЈА ЃП

РАБОТНИЧКИ – ШКУПИ

БРЕГАЛНИЦА – ПОБЕДА

ШКЕНДИЈА (СЛОБОДНА)

ТАБЕЛА

Струга ТЛ 36, Шкупи 31, Шкендија 28, Силекс 26, Тиквеш 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, А. Пандев 12, Победа 12, Скопје 10…бодови

ПретходноЕсенскиот шампион сака со стил да ја заврши годината!
СледноХакими му испрати порака на пријателот Мбапе пред полуфиналето, веднаш доби одговор!