Европски гигант го мерка Ливаковиќ!

1044

По фантастичните настапи на Мундијалот секако дека голманот на Хрватска, Доминик Ливаковиќ е еден од најбараните играчи во моментов. Па така, како што пишуваат медиумите во Германија, Баерн Минхен бил силно заинтересиран за Хрватот кој блеска во Катар. Оливер Кан, еден од првите луѓе на “баварците“ во живо во Катар ја гледаше средбата меѓу Хрватска и Бразил, целта била да ја провери формата на Јошко Гвардиол кој исто така е трансферна цел на Баерн Минхен. Од стоперот бил задоволен, веројатно се “крчка“ тој трансфер, но Кан бил воодушевен од Ливаковиќ. Се шпекулира дека преговорите со Динамо Загреб ќе почнат по завршувањето на Мундијалот. Почетната цена кои “модрите“ досега ја имаа за својот голман е 10 милиони евра, но се очекува таа сега да достигне најмалку до 25-30 милиони.

А на Баерн Минхен му треба голман под итно ако се знае дека Мануел Нојер ја скрши ногата на скијање и дека за него сезоната заврши.

ПретходноЈунајтед го нудел Роналдо на позајмица речиси за без пари, но никој не го сакал!
СледноПМФЛ: Скопското дерби за Шкупи, бод за Струга ТЛ, хет-трик на Мишевски во Кратово, Победа со реми во Штип