Полувреме: Шкупи си го “меле“ Работнички, блесок на Додев под Исарот, Тиквеш води во Струмица

331

Завршија првите полувремиња од сите пет средби од денешното 18. воедно и последно коло оваа есен во ПМФЛ.

Во скопското дерби кое се игра во Маџари, Шкупи има водство од 0:3 кај Работнички и тоа со двата гола на Сандеј Адетунџи и со голот на автоголот на Исмаили. Работнички еднаш ја погоди стативата, а му беше и поништен гол поради офсајд.

Тиквеш со голот на Ивановски води во Струмица со 0:1 кај А.Пандев.

Додев со два гола и носи предност на Брегалница против Победа. Интересно, штипјани во 7.минута останаа без Лвалива кој беше исклучен поради два жолти картони.

Гостите водат и во Кратово, каде Македонија ЃП со двата гола на Мишевски, посебно убав беше вториот од слободен удар, има предност против Силекс со 0:2.

По првиот дел немаше голови само на Автокоманда каде се среќаваат Скопје и есенскиот шампион, тимот на Струга ТЛ.

ПретходноДастин Вер повторно во МЗТ Скопје!
СледноЈунајтед го нудел Роналдо на позајмица речиси за без пари, но никој не го сакал!