Мурињо добил понуда, ќе биде селектор?

318

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо е првиот „пик“ за нов селектор на Португалија, откако Федерацијата на оваа земја и официјално се раздели со Фернандо Сантош.

Има доста време до следната репрезентативна акција, но март и не така далеку, но не е ни толку блиску. Ова ќе биде период за носење на сериозни одлуки, според „Газета“ пред се за Жозе Мурињо.

Имено, тој веќе има понуда од страна на португалската селекцијата да седне на клупата на националниот тим и истовремено да продолжи да работи во Рома. Договорот би бил комплициран, но не и невозможен.

Мурињо е заинтригиран, но главен збор ќе има и Рома, на која можеби ова ќе и пречи, бидејќи „Специјалниот“ нема да може постојано да му се залага на клубот, но пред и за време на репрезентативната акција би морал да гледа кон и неговата земја.

Се верува дека март би бил „пробен период“ на таквата работа, а потоа, пред се, со клубот, би видел како понатаму.

ПретходноБаерн Минхен ги прекина преговорите со Ливаковиќ!
СледноРФМ со детали за мечот на деценијата, ќе биде од хуманитарен карактер!