Реграгуи: Ќе кажете дека сум луд, но Мароко оди по светската титула

156

На огромно изненадување на целата светска јавност, репрезентацијата на Мароко е дел од полуфиналето на Мундијалот во Катар. Откако ги елиминираше Португалија и Шпанија, сега е на чекор до големото финале, но пред себе го има Светскиот шампион, Франција.

Селекторот на оваа репрезентација, Валид Реграгуи делува доста самоуверен во изјавите, а како и не би кога неговата селекција игра фантастично, и има примено само еден гол.

„Играме против актуелниот Светски првак. Имаат фантастични играчи и најдобар тренер во светот. Сепак, веруваме дека можеме да пројдеме понатаму и дека можеме да го освоиме Мундијалот. Ако некој го познава Мбапе повеќе од мене тоа е Хакими. Но немаме специјална тактика, затоа што Франција не е само Мбапе, Дембеле и Гризман. Тоа е тим. Сепак, убеден сум дека ќе биде тоа супер дуел, Хакими против Мбапе. Конечно, гледам дека луѓето велат дека ова е нашиот максимум, но јас сум убеден дека можеме да го освоиме Мундијалот. Можете да кажете дека сум луд, али сакам да го освоиме овој турнир, а навивачите сум сигурен дека ќе ни помогнат во тоа. Не сме заморени, напротив. Полни сме со енергија“ – изјави Реграгуи.

 

ПретходноЛорис со порака до Хери Кејн
СледноБензема блиску до враќање на терените