Ретко кој веруваше дека Лионел Скалони ќе биде тој што че ја одведе Аргентина до финалето во Катар. Стратегот кој со “гаучосите“ има само еден пораз, оној со С. Арабија на првиот меч. Скалони перфектно ја водеше својата селекција на дуелот со Хрватска, тактички идеално, но и тој е човек со емоции.
Па така по мечот кога си честитаа со Лионел Меси се прегрнаа а селекторот се расплака.
Има нешто тука, и двајцата се викаат Лионел.
Messi and Scaloni .. Emotional moment 🥹 pic.twitter.com/uhmfYFE6pz
— FIFA | عبدالله (@abdulla_fifa10) December 13, 2022