Пандев: Kако да чекаме да примиме гол, за потоа да почнеме да играме

578

Горан Пандев повторно одигра цел натпревар и покрај тоа што имаше проблеми со повреда. Тој собра сили и ја предводеше екипата на мечот со Украина кој го изгубивме (1:2) иако ќе беше заслужено ако одигравме и реми поради она одлично второ полувреме во кое ја поправивме играта и заличивме како што треба.

Не се доволни само 45 добри минути на вакви натпреварувања. Треба да играме како во вториот дел цел натпревар. Почнавме внимателно, а кога ќе примиш гол од прекин, станува се потешко. Примивме гол од корнер, имавме потоа во вториот дел многу шанси да изедначиме пред пеналот, но таков е фудбалот.
Жал ми е што изгубивме мислевме дека барем можеме до бод. Се гледа дека малку сме во грч затоа што ова се првите натпревари на едно големо натпреварување. Искрено, како да чекавме да примиме гол па да почнеме да играме.

Нема што да изгубиме веќе направивме нешто големо, сега да излеземе на терен и да се забавуваме. Со Холандија да одиграме храбро и да не се плашиме дека ќе изгубиме. И да го изгубиме мечот да не ни биде жал“, вели „Гранде“ Пандев.

ПретходноАнгеловски: Победени сме, но не сме поразени
СледноТрајковски: Не ги искористивме шансите, останува во Холандија да одиграме за цела нација!