Пред неколку дена се појави веста дека Кристијано Роналдо се согласил да замине во Саудиска Арабија. „Марка“ објави дека ќе добие 200 милиони евра годишно и дека се е договорено со Ал Наср и ќе стане најплатениот спортист во светот.
Но, набрзо Роналдо ја отфрли оваа информација и демантираше дека се договорил со овој тим.
Неколку дена после кратката изјава на Португалецот, се појави видео-запис на кој претседателот на Ал Наср вели дека не знае кој е Роналдо. Веруваме дека се шегува, но сепак со неговата изјава привлече внимание.
Новинар од Саудиска Арабија го праша Мусли Ал Мамар за Роналдо. „Каде е Роналдо?“, праша репортерот. Кој?“, одговара првиот човек на богатиот клуб.
„Не го познаваш Роналдо?“, одговара новинарот на прашањето, а претседателот Ал Насра потоа вели дека не го познава Роналдо.
Со оглед на тоа што на неговото излегување се рашири насмевка на неговото лице, очигледно првиот човек на клубот само се шегувал, а не сакал да открие дали и кога ќе дојде Роналдо.
• رونالدو وينه؟
🎙 مسلي آل معمر: وش رونالدو؟• ما تعرف رونالدو؟
🎙 مسلي آل معمر: لا ما أعرفه. pic.twitter.com/VXULw5zqGX— نواف الآسيوي 🇸🇦 (@football_ll55) December 15, 2022