Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони ги разреши дилемите околу состојбата на Лионел Меси и неговото одсуство од тренингот на Аргентина синоќа.
Светската јавност остана во шок откако Лео не се појави заедно со своите соиграчи и нормално автоматски се стартуваше со шпекулациите дека е повреден и дека нема да може да настапи в недела на финалето против Франција.
„Не, не се работи за повреда туку за замор. Лео многу се потроши на изминатите мечеви и му беше потребно „полнење на батериите“ – рече Скалони.