ФИФА одлучи: Светско клупско првенство во нов формат од 2025 година

204

Пред самиот крај на Мундијалот во Катар, од страна на ФИФА објавија дека воведуваат сосема ново натпреварување на ниво на клубови. Имено, досегашното светско клупско првенство се менува во сосема нов формат кој ќе брои 32 клуба, кои ќе бидат поделени во групи идентично како и актуелниот формат на Мундијалот.

Истото ќе биде во функциј од 2025 година, и ќе опфати клубови од сите континенти.

Повеќе спонзори и ТВ права

Само за потсетување, од друга страна самиот Мундијал исто така ќе го промени форматот. Домаќини во 2026 година ќе бидат Мексико, САД и Канада, и ќе нагостат 48 репрезентации. Целта е секако повеќе спонзори и финансиски стедства од ТВ Правата.

 

ПретходноМеси не е повреден, само е преморен
СледноСопругите на Аргентинците најавија мундијалски тетоважи за освоен пехар