Не му прости: Дешамп го избркал Бензема од Мундијалот во Катар!

14113

Многу врева се дигна во јавноста околу тоа зошто Карим Бензема не е во Катар, не е на Мундијалот во репрезентацијата на Франција а е оздравен и игра пријателски средби за Реал Мадрид.

Да потсетиме, Бензема беше на списокот на селекторот Дидие Дешамп, но на само неколку дена пред стартот на Мундијалот тој се повереди.

Медиумите во Франција шпекулираат дека иако уште не ја знаел тежината на повредата, Дешамп му се обратил со следните зборови на Бензема:

Многу ми е жал што мораш да ја напуштиш репрезентацијата“…

Овие зборови го шокирале напаѓачот кој по неколку години пауза, поради случајот со Валбуена, повторно од минатата година беше дел од „триколорите“.

Се чини дека Дешамп како едвај да чекал Бензема да се повреди и да го откачи.

Неговата нова нетрпеливост кон Карим била поради фактот дека при доделување на “Златната топка“ напаѓачот на Реал Мадрид ги спомнал сите и им се заблагодарил, но го „заборавил“ селекторот.

На овој начин Дешамп му вратил, барем според шпекулациите.

ПретходноФИФА го откачи Зеленски, сакал да им се обрати на фановите пред големото финале!
СледноУжас: Почина Синиша Михајловиќ!