Moменти за историја: „Златната божица“ во рацете на Меси и Аргентинците!

175

Аргентина е светски првак. „Златната божица“ повторно е кај Аргентинците. По трет пат. Првиот пат во 1978 година кога и беа организатори на СП, потоа во 1986 година на Мундијалот во Мексико. Од тогаш па до сега имаа два порази во финалињата, за потоа, конечно, во 2022 година во Катар да се закитат со светската круна.

Првата титула Аргентина ја освои по заслуга на Марио Кемпес и Даниел Пасарела, втората на крилата на Диего Марадона, а третата е под водство на капитенот Лео Меси. Токму овој триумф Меси го направи Бог на фудбалот. Оваа титула му недостасуваше! И ја освои. Ја доби и наградата за најдобар фудбалер на СП 2022.
Перфектен крај на кариерата како репрезентативец на Аргентина.

ПретходноНајдобрите на СП: Меси е МВП, Мбапе, Мартинез, Фернандез…
СледноЕмоции: Меси и Агуеро во солзи! (ФОТО)