Интернет порталот „WhoScored“ кој се занимава и со фудбалска статистика, го состави симболичниот тим на Светското првенство во 2022 година во Катар.
„Најдобрите 11“ од Мундијалот во Катар вклучуваат фудбалери кои имаат најдобри збирни оценки од настапите на Мундијалот.
На голманската позиција се најде чуварот на мрежата на Полска, Војчех Шчесни (7,9);
Дефанзивци: Тео Хернандез (Франција, 7,2), Родри (Шпанија, 7,4), Хари Мегваер (Англија, 7,4), Ашраф Хакими (Мароко, 7,0).
Играчи од средниот ред: Килијан Мбапе (Франција, 8,0), Касемиро (Бразил, 7,5), Џуд Белингем (Англија, 7,6), Бруно Фернандеш (Португалија, 8,2);
Напаѓачи: Антоан Гризман (Франција, 7,5), Лионел Меси (Аргентина, 8,2).