Играше со Пандев во Лацио, а стана вториот најмлад селектор светски шампион!

2625

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони се расплака откако ја одведе Аргентина до третата титула на Светското првенство. Со својот син во раце, тренерот плачеше кога зборуваше за неговите родители Анхел и Еулалија.

Со синот во скут, Лионел Скалони емотивно зборуваше за своите родители: „Ме научија да не се откажувам“.

Во интервјуто, Скалони рече дека неговите родители го научиле никогаш да не се откажува – а во финалето против Франција, откако отвори со 2-0 и дојде да игра продолженија, Аргентина не можеше да се откаже.

„Ако татко ми ме гледа, верувам дека е тој, а и мајка ми… Ме научија никогаш да не се откажувам. Уживам во тоа. Важно е луѓето да разберат дека не сум само јас, туку секој друг тренер сака да ги прави работите што е можно подобро“, вели Скалони.

Наспроти целата драма во вчерашното финале, Скалони вели нема поим што доживеал.

„Сè уште не успеавме да го преџвакаме тој момент. Ние кои живееме во него секогаш патуваме и навикнати сме на подеми и падови. Навикнати сме на тоа… Пред се, неверојатно е да се биде над она што можеме да го замислиме“, додаде тој.

На 44-годишна возраст, Лионел Скалони стана најмладиот тренер на светски шампион по сонародникот Цезар Луис Меноти, кој го освои Светското првенство во 1978 година за истата Аргентина на 39-годишна возраст.

Роден во 1978 година, само два месеци пред Аргентина да ја победи Холандија со 3-1 на 25 јуни истата година и пред да го подигне светскиот куп за првпат, Скалони влезе на Светското првенство во Катар како најмладиот селектор меѓу 32-те репрезентации.

Своевремено беше дефанзивец кој го носеше и дресот на италијански Лацио, каде во две сезони беше соиграч и со нашиот Горан Пандев. Во периодот од 2007 до 2009 година, Скалони и Пандев играа заедно во составот на „лацијалите“ иако Скалони не беше редовен стартер, па најдобра му беше првата сезона во која успеа да собере 12 настапи.

Тој е еден од групата фудбалери кои доаѓаат од градот Росарио, во провинцијата Санта Фе, кои практично и беа носители на оваа шампионска Аргентина. Можеби тоа што многу добро се познаваат беше и причина за конзистентноста во настапите. Покрај Скалони од Росарио се и Лео Меси и Анхел Ди Марија.

ПретходноМбапе со куса порака ден по финалето: „Ќе се вратиме!“
СледноСилекс се засили со младинскиот репрезентативец Хамза Рамани!