Одбојкарите отпатуваа за Марибор, формата ќе се темпира преку двомеч со Хрватска
Машкиот А национален тим денеска патува за Марибор, каде викендов ќе одигра пријателски двомеч со репрезентацијата на Хрватска како дел од подготовките за настапот во ЦЕВ Европската Златна лига.
По една седмица напорна работа во Струмица, селекторот Јошко Миленкоски е...
Миленкоски ги одбра 15-те патници за Марибор
Селекторот на машката сениорска репрезентација Јошко Миленкоски ќе смета на 15 репрезентативци за пријателските натпревари со Хрватска, кои викендов ги играме во Марибор, Словенија. Со екипата нема да патува единствено средниот блокер Филип Маџунков.
Маџунков е на подготовките заедно со...
Пауновиќ со „слатки маки“, има дилеми за финалниот список
Една седмица женската сениорска репрезентација се подготвува во Струмица за вториот настап во Европската Сребрена лига. Селекторот Стефан Пауновиќ од самиот старт на располагање ги имаше сите 20 одбојкарки кои се најдоа на списокот и сите работат со висок...
Савовски: Треба да бараме резултат и во Златната лига
Македонските одбојкари во засилено темпо ги реализираат подготовките за претстојните настапи во Златната лига. Трета година во низа најдобрите македонски одбојкари ќе учествуваат во ова натпреварување.
„Трета по ред година во Златната Европска лига. На кормилото на селекцијата се враќа...
Ковачевиќ: „Подготвени сме за убави работи“
Женската сениорска репрезентација по втор пат во својата историја ќе има можност да се проба во Европската Сребрена лига годинава. Предизвик, кој со голем ентузијазам го прифатија македонските одбојкарки, особено поради фактот дека натпреварите кои ќе ги одиграат ќе...
Милев: И во Златната лига сакаме да направиме чекор повеќе
Машката сениорска репрезентација на Македонија, веќе трет ден ги реализира подготовките за Европската Златна лига во Струмица. Селекторот Јошко Миленкоски и стручниот штаб ја реализираат предвидената програма, а одбојкарите полека влегуваат во потребниот ритам.
„Имаме спој на младост и искуство...
Проблеми на стартот: Мирасчиев откажа, Маџунков под прашалник
Селекторот Јошко Миленкоски и неговиот стручен штаб се соочуваат проблеми пред стартот на Златнаата Европска лига. Средниот блокер на Штип УГД, Михајло Мирасчиев се појави во Струмица, но за да се откаже од репрезентативниот повик поради приватни причини.
Под знак...
Старт на сениорите, Миленкоски: „Среќни сме што повторно ќе работиме заедно!“
Селекторот на машкиот сениорски национален тим, Јошко Миленкоски во позитивна атмосфера и оптимистички расположен ги пречека своите избраници попладнево во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица. Најтрофејниот одбојкарски стратег на третото враќање на кормилото на сениорите го прифаќа предизвикот да...
Дамите означија старт, селекторот е оптимист: Не влегуваме како аутсајдери, без разлика што се...
Женската сениорска репрезентација на Македонија, на пладне, се собра во хотелот „Горан Пандев“ во Струмица, а селекторот Стефан Пауновиќ го означи стартот на подготовките за настапот во Сребрената Европска лига 2025.
Салата „Парк“ во Струмица ќе биде базата на репрезентацијата...
Ристовски ќе суди на два меча од Сребрената лига, еден и на Македонија
Македонскиот одбојкарски судија Влатко Ристовски е делегиран да суди на два натпревари од женското издание на Европската Сребрена лига.
Според потврдата од Европската одбојкарска конфедерација, Ристовски ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Швајцарија и Луксембург закажан на 31 мај...
















