Македонија

ЕУРО 2020 Австрија – Македонија: Напред момци, одиме на победа!

Денеска се пишува историјата. Денеска Македонија го има своето деби на едно големо натпреварување. Конечно и ние дочекавме да ја видиме нашата земја во фудбалската елита. Се е кажано, се е анализирано. Знаеме што и колку може Австрија, знаеме...

Околу 4.000 Македонци ќе навиваат за хероите на Арената во Букурешт!

Загреана е веќе атмосферата во пресрет на мечот со Австрија. Букурешт е “македонски“ град. Се пее, се играат ора, забавата трае веќе два дена. Инаку на трибините на Националната Арена во Букурешт, за време на мечот со Австрија, нашите...

ОФИЦИЈАЛЕН СОСТАВ: Македонија дефинитивно со 3-5-2 и со Пандев и Трајковски во нападот

Составот на Македонија е истиот оној кој „Спортмедиа“ го најави во текот на денот. Македонија почнува со 3-5-2 формација и со Трајковски и Пандев во нападот. Елмас ќе им биде поддршка од средината, а Николов и Алиоски по страните. Како...

🔴 ВО ЖИВО, ЕУРО 2020: АВСТРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:1 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ 3:1 89' - Арнаутовиќ става печат. Од изведен аут од левата страна на Австрија, топка до Лајмер кој проигра со Арнаутовиќ, а овој излезе сам, го мина и Димитриевски и погоди во мрежата   86' - Селекторот Ангеловски тргнува...

Романија ќе навива за Македонија и поради Георге Хаџи, Симона Халеп, Џиџи Бекали….

Одамна се знае дека трибините на Арената во Букурешт, и тоа поради пандемијата со Ковид-19, нема да бидат целосно исполнети на денешниот меч меѓу Македонија и Австрија. Но ќе има доволно наши фанови за да им дадат поддршка на...

Блесни ДИЈАМАНТУ: Елиф Елмас – мангупот од скопскиот асфалт!

Можеби од капитенот Горан Пандев очекуваме најмногу, сепак се знае кој е капитен. Но една друга наша ѕвезда чекаме да блесне на ова ЕП, да покаже зошто голем број познати портали од Европа го посочуваат како една младите ѕезди...

БУКУРЕШТ! Тука не поделивте, тука се обединивме (ФОТО+ВИДЕО)

ФОТО: Димитар Петковски „Нека грми на трибини кога за тебе пееме, ќе ни даде господ сила заедно да славиме. Македонија....“, тоа се дел од зборовите од нашата навивачка химна испеана од Тоше Проески. Деновиве Македонија е фудбалска, радосна и во еуфорија....

Чоко легендо, со дресот од Крањ стигна во Букурешт (ФОТО)

Панчев до Бошковски и 1:0 за Македонијааааа...Така беше нашата историја во 1993 година во Словенија каде го одигравме првиот натпревар. Македонската фудбалска репрезентација денеска е на врвот и на неколку часа до својот прв настап на ЕП. Зоран Бошковски -...

Сите голови му ги посветувам на Господ!

Поминаа 20 години од првиот наспат на Горан Пандев за Македонија. Две децении во дресот на својата земја со рекорден број на настапи (119) и голови (37). Постигна Пандев многу голови за репрезентацијата и за клубовите за кои играше. А...

Георгиевски за „Спортмедиа“: Ќе има добра атмосфера, сите во Букурешт ќе навиваат за Македонија!

Букурешт, фудбал, репрезентација. Тоа е оската која ги поврзува едно лице - Даниел Георгиевски. Георгиевски беше во Стеауа во моментите кога Националната Арена во Букурешт беше штотуку отворена. Тој најдобро знае како е да се игра на тој стадион. „Јас кога...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести