Домашно првенство

Работнички се изнамачи со Феникс 2010!

Во првиот 1/4 финален меч од плеј – офот во нашата елитна кошаркарска лига, Работнички како домаќин го победи Феникс 2010 со 84:80. Веднаш да кажеме дека фаворитот се изнамачи да дојде до посакуваната победа, гостите и тоа како покажаа...

Плеј-оф: Ќе има ли саботни изненадувања?

Денеска ќе бидат комплетирани првите рунди од четвртфиналето во плеј-офот. МЗТ Скопје вчера со победа тргна во одбрана на титулата против Гостивар. Денеска на програмата се три нови средби. Во списокот на најсериозни кандидати за освојување на титулата се Работнички...

Навико Академија ФМП со голема победа на гостувањето во Охрид

Кошаркарите на Навико Академија ФМП извојуваа важна победа против Охрид на гостински терен во битката за опстанок во домашната кошаркарска елита. Вечерва во првиот меч од новата рунда, Охрид на домашен терен беше поразен од скопскиот состав со 88:93. Мечот...

Шампионот тргна со сигурна победа во четвртфиналето на плеј-офот (ФОТО)

Актуелниот шампион МЗТ Скопје А. сосема очекувано ја прокнижи првата победа на стартот од четвртфиналето на плеј-офот во домашниот шампионат. Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната со 87:68 славеше на првиот дуел со Гостивар и поведе со 1:0...

Атанасов: Фаворити сме и сакам да тргнеме со победа

Вечерва со почеток од 19 часот во салата „Јане Сандански“, МЗТ Скопје го отвора плеј-офот против Гостивар. Во пресрет на овој дуел, своите размислувања ги сподели тренерот на плаво-белата чета, Васко Атанасов. „Вечерва за нас почнува најважниот дел од сезоната,...

Стартува битката за титулата: Четвртфиналето го отвораат МЗТ Скопје и Гостивар в петок!

Во петок на 5 април ќе стартува плеј-офот или 1/4 финалето во битката за титулата во нашата најсилна кошаркарска лига. Двојките се одамна познати, но сега според распоредот на КФСМ, првиот меч од оваа фазаќе го одиграат МЗТ Скопје,...

Вардарци водеа на полувреме, но Еуро Никел ја однесе победата

Кошаркарите на Еуро Никел 2005 го победија Вардар со 70-67 во последното коло од регуларниот дел во Првата македонска лига. Домашниот тим одигра солидно, имаше и предност на полувреме од еден поен (35-34), но на крајот немаше сили да...

Феникс подобар од ТФТ, Чаир убедлив против Охрид

Екипата на Феникс славеше во дуелот со ТФТ како гостин со 82-80 во меч од првата кошаркарска лига. Во текот на целиот меч Феникс имаше предност, но во финишот ТФТ успеа да се доближи на два поени и да...

МЗТ Скопје од првото место ќе го стартува плеј-офот

Со најубедливата победа до сега екипата на МЗТ Скопје го заврши регуларниот дел од сезоната во Првата лига на првото место, а со тоа си обезбеди предност на домашен терен до крајот на плеј-офот. МЗТ Скопје славеше над ФМП со...

Работнички го стори своето, чека абер од Кисела Вода (ФОТО)

Најтрофејниот кошаркарски колектив го стори своето, го победи Гостивар со 104-84 во последното коло од регуларниот дел со, а дали ќе стартува од првата позиција во плеј-офот, одговорот ќе го добие наскоро, по завршување на мечот меѓу Академија ФМП...

Нaјнови вести