ВТОРА ЛИГА-МАЖИ: МЗТ Скопје испушти голема шанса за „брејк“ во серијата со Вардар!
Мошне драматичен натпревар, прв во четвртфиналната серија од плеј-офот во Втората лига-мажи одиграа екипите на Вардар и МЗТ Скопје Уни Банка.
Победникот беше решен буквално во последната секунда. Односно кога Спасовски не погоди (од добра позиција во рекетот) за победа...
ПРВА ЛИГА-ЖЕНИ-ПЛЕЈ-ОФ: Бадел 1862 на чекор до финале!
Бадел 1862 поведе со 2-0 во полуфиналната серија од плеј-офот, откако на домапен терен славеше со 51-44.
По изедначената прва четвртина (13-13), скопскиот тим во следниот период ја направи клучната разлика, на одморот поведе со 28-17. Бо продолжение Бадел знаеше...
Чаир ја победи Струмица за крај на регуларниот дел од сезоната
Кошаркарите на Чаир 2030 ја совладаа Струмица на гости со 86-91 во последниот меч од последното коло во регуларниот дел од Првата македонска кошаркарска лига.
Чаирчани победија благодарение на подобрата игра во второто полувреме. Струмичани имаа водство од 52-38 во...
Кожув го суреди Работнички, Гостивар остана непорезен дома!
Кожув без мака го доби дуелот против Работнички на гостински терен, славеше со убедливи 58-86 во последниот меч од Првата лига. Гевгеличани и покрај победата во плеј-офот ќе стартуваат од осмото место, а противник ќе имаат бранителот на титулата,...
МЗТ Скопје водеше двоцифрено, па се спасуваше од пораз!
МЗТ Скопје ја доби битката со Пелистер, го совлада со во последното коло од Првата лига. Актуелниот македонски првак на домашен терен славеше со 95-93. И пред овој меч беше познато дека „сино-белите“ ќе останат на првото место на...
Еуро Никел сигурен против „Академците“ за потврда на „шестката“
Кошаркарите на Еуро Никел 2005 ја оправдаа фаворитската улога против Академија ФМП, на гостински терен славеа со 76-87 и го заверија шестото место на табелата во пресрет на вториот дел од сезоната – доигрувањето за шампионската титула.
Оваа средба беше...
ТФТ со убедлива партија го завери третото место!
ТФТ во плеј-офот ќе стартува од третото место, кое денеска го потврди со убедлив триумф над Куманово од 107-70 во рамките на последното коло во Првата лига.
Тимот од Тафталиџе доминираше на оваа средба. Гостите беа рамноправен противник во првата...
Абу го „откачи“ Мерсин, неговата цел е титулата со МЗТ Скопје!
Абдул-Малик Абу имал понуда да се пресели во редовите на Мерсин. Американецот кој во ноември дојде во МЗТ Скопје одолеал на понудата од турскиот второлигаш, предност им дал на „сино-белите“.
Искусниот центар одлично е примен од фановите и од соиграчите...
Последната прволигашка рунда носи дерби во Аеродром и битки за подобра позиција!
Денеска и утре ќе се одигра последното коло од регуларниот дел од сезоната. Патниците за плеј-оф и плеј-аут конкуренцијата се познати, останува да се дефинира целосниот изглед на стартните позиции.
Иако МЗТ Скопје и Пелистер се сигурни на своите позиции,...
Баскет Кам и Бадел 1862 поведоа во полуфиналето!
Баскет Кам и Бадел 1862 дојдоа до почетна предност во полуфиналето на плеј-офот. Тимот од Македонска Каменица имаше полесна задача, го совлада МЗТ Скопје со убедливи 84-66.
Кошаркарките на Баскет Кам мечот го решија во првото полувреме поведоа со 43-32...















