Шпанија по едно полувреме ја реши Црна Гора, против Турција за врвот!
Шпанија ја оправда фаворитската улога на дуелот против Црна Гора во рамките на 4. коло во групата А. „Фуријата“ славеше со убедливи 65-82 и против Турција ќе се бори за првото место на табелата.
На избраниците на Серџо Скариоло им...
Туркоглу без „влакна на јазикот“: ФИБА тоне од ден во ден! Ако имаа храброст...
Турција и покрај големиот скандал на дуелот во Тбилиси против Грузија, дојде до важна победа за место во Топ 16. Оваа репрезентација брзо успеа да се издигне, но дефинитивно нема лесно да се откаже од правдата.
Во јавноста се огласи...
Франција им се „одмазди“ на Босанците!
Штета, голема штета. Босна и Херцеговина во последните минути падна против Франција. Босанците се бореа лавовски, но не успеаја да дојдат до голем триумф, кој ќе им го отвореше широко патот кон Топ 16, беа поразени со 68-81. На...
Турција заборави на проблемите, убедливо ја совлада Белгија и веќе гледа кон Топ16
Репрезентацијата на Турција го остави хаосот зад себе. По скандалот со домаќинот на ЕП, Грузија, турските кошаркари се исправија и го добија дуелот со Белгија, и тоа убедливо ја совладаа со 78-63 во рамките на четвртото коло во групата...
Дончиќ за судењето на Евробаскетот: Многу грешки, ФИБА треба да реагира
Една од најголемите ѕвезди на Евробаскетот 2022, Словенецот Лука Дончиќ, отворено го кажа своето мислење за судењето на европското првенство.
„Мислам дека можете да видите сами. Грешка со времето на мечот со Турција, техничка грешка на мечот со Литванија... Многу...
Кармело Ентони ќе биде замената за повредениот Галинари во Бостон
Бостон Селтикс размислуваат да го ангажираат слободниот агент, Кармело Ентони, по веста за повредата на Данило Галинари.
Според локалните медиуми, двете страни покажуваат заеднички интерес за потпишување на договорот.
„Преговорите почнуваат да добиваат на интензитет. Ентони е веројатно најдобриот избор на...
Србите ја „збришаа“ и Финска, Италија „заринка“ во финишот против Украина
Репрезентацијата на Србија ја впиша и третата победа во групата Д на Евробаскетот. Вечерва во Прага нашиот северен сосед ја демолира Финска со 100:70 и е на врвот на табелата со максимални шест бода по три кола.
Уште по првата...
Војдан му донесе победа на МЗТ Скопје против Арис во првата контрола!
МЗТ Скопје запиша победа на првиот пријателски меч пред стартот на новата сезона. Актуелниот македонски првак го совлада Арис во Солун со 66-70, благодарение на Војдан Стојановски, кој му пресуди на грчкиот тим со тројка.
Арис, според официјалниот сајт го...
Грција и без Јанис пресилна за В. Британија, Чешка ја победи Холандија!
Трет натпревар и трета победа за силната селекција на Грција, Овојпат против селекцијата на В. Британија и тоа со резултат 93:77. Можеби се очекуваше поубедлива победа на нашиот јужен сосед, можеби се очекуваше и атракција, но сето тоа изостана...
Србите се засилија: Милутинов пристигна на Евробаскетот 2022
Во Прага денеска пристигна центарот на српската кошаркарска репрезентација, Никола Милутинов. Поради вирус тој остана во Белград откако остатокот од тимот отпатува на Евробаскетот, а потоа имал проблем со превозот до Чешка.
По неколкудневно доцнење, тој конечно пристигна денеска и...