Останато

Брозовиќ патува за Саудиска Арабија, Лапорта објасни зошто не го зеле Хрватот!

Фабрицио Романо доцна синоќа објави дека трансферот на Марсело Брозовиќ во Ал Наср е завршена работа. Најпознатиот фудбалски инсајдер на Твитер објави дека е постигнат усмен договор меѓу Ал Наср и хрватскиот репрезентативец и дека се чека само потписот...

Фаулер се активира по двегодишна пауза – стана тренер на клуб од Саудиска Арабија

Продолжуваат преселбите на фудбалери и фудбалски работници од Европа во Саудиска Арабија. Поранешниот ас на Ливерпул, Роби Фаулер е назначен за нов тренер на клубот Ал Кадисија од градот Хубар на истокот на Саудиска Арабија. Се работи за второлигашки клуб...

Канте си купи клуб од Белгија

Францускиот фудбалер Нголо Канте стана сопственик на белгискиот фудбалски клуб Ројал Ексцелзиор Виртон. Белгискиот третолигаш зделката ја соопшти под наслов: Мал град, големи соништа“ и понатаму вели: „Предводен од својата страст кон фудбалот, Канте има цел да продолжи со консолидација...

Еден од најдобрите украински фудбалери ќе игра во Малезија

Украинскиот играч од средниот ред Јевген Конопљанка најверојатно ќе ја продолжи кариерата на Далечниот Исток поточно во малезискиот шампионат. Тој има понуда од клуб со име Терегану, а тренерот Томислав Штајнбрикнер потврди дека имало преговори меѓу агентот на играчот...

Интер и официјално има нов тренер: „Тата“ Мартино и Меси повторно заедно!

Фудбалскиот клуб Интер од Мајами потврди дека го ангажирал Херардо Тата Мартино за нов тренер. Мартино повторно ќе соработува со Лионел Меси, кого веќе го тренираше во Барселона и во репрезентацијата на Аргентина. Аргентинскиот тренер на клупата на Мајами го замени...

Фиорентина го купува голманот на Динамо Загреб

Ниту Фенербахче ниту пак Манчестер Јунајтед, како што некои амбициозни медиуми лиферуваа изминатиов период, туку тимот на Фиорентина е местото каде што најверојатно ќе заврши голманот на Динамо Загреб, Доминик Ливаковиќ. Веќе 28.годишниот голман, е „единица“ на Динамо долго време,...

Саудијците се откажаа од Брозовиќ, се свртеа кон играч на Ленс!

Се чини дека Саудијците се откажаа од обидот да го доведат Марсело Брозовиќ. Како што пренесуваат неколку италијански медиуми, претставниците на Ал Наср останале шокирани кога Брозовиќ им побарал поголема плата од таа што му ја понудиле. Понудата била...

Анчелоти и Евертон го решија спорот на суд!

Италијанскиот стручњак и тренер на Реал Мадрид, Карло Анчелоти и фудбалскиот клуб Евертон го решија спорот на Високиот суд, објави денеска Би-Би-Си. Анчелоти го тужеше Евертон за прекршување на „комерцијалните договори и аранжмани“, но судските поднесоци не даваат други детали. Тој...

Во Италија го забранија дресот со број 88

На фудбалерите во Италија им е забрането да го носат дресот со број 88. Државата донесе ваква одлука со цел да се искорени антисемитизмот на фудбалските стадиони. Министерот за внатрешни работи Матео Пјантедоси рече дека иницијативата ќе донесе голем...

Јармоленко по пет години се врати во Динамо Киев

Искусниот украински репрезентативец Андреј Јармоленко се врати во матичниот клуб Динамо Киев. Тој го напушти Динамо во 2017 година и отиде да игра за Борусија Дортмунд, но по една сезона ги смени клупските бои па играше за Вест Хем,...

Нaјнови вести