Меѓународен фудбал

Валенсија со гостински триумф кај Лас Палмас

Со конечни 2:3, тимот на Валенсија вечерва оствари гостински триумф кај Лас Палмас. Со ова тимот на нашиот Столе Димитриевски дефинитивно се приклучи на средината на теренот, а од друга страна го турна Лас Палмас во уште пожестока битка...

Борнмут со гостинска лекција за Арсенал

Екипата на Арсенал доживеа шокирачки пораз на свој терен предмалку од тимот на Борнмут со конечни 1:2. Иако домаќинот според сите очекувања успеа да поведе преку Деклан Рајс во првиот дел, сепак, во второто полувреме противникот на огромно изненадување,...

Интер дефинитивно без Лаутаро за реваншот со Барселона

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, нема да игра во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите против Барселона, објави „Скај Италија“. Според изворот, на 27-годишниот Аргентинец му е дијагностицирано истегнување на мускулот, кое го претрпел на првиот натпревар против Каталонците. Мартинез...

„Лисиците“ победија во дуелот на испаднатите, Ипсвич непоразен кај Евертон

Фудбалерите на Ипсвич извлекоа реми (2:2) на гостувањето кај Евертон во еден од двата попладневни дуели во Премиерлигата. Со голот на Бето екипата на Евертон поведе во 26. минута, а до 35. минута МекНеил веќе им донесе предност на домашните...

Бундеслига: Лајпциг ја одложи прославата на титулата на Баерн (М)

Баерн Минхен не успеа да ја освои 34-та титула во Германија уште денеска, откако дозволи да прими гол во судиското продолжение на мечот со Лајпциг и да остане без победа и три бода. Лајпциг го пречека моментално првопласираниот тим...

Челзи повторно „фрла“ пари за нови играчи: Млад дефанзивец на Ајакс доаѓа на „Стемфорд...

Челзи повторно ќе троши пари за купување нови млади фудбалери. Последните информации говорат дека „сините“ се заинтересирани за 19-годишниот дефанзивец на Ајакс, Јорел Хато, и би можеле да го ангажираат ова лето, објави „Скај Спортс“. Хато оваа сезона одигра 47...

Лидс Ј. е шампион во Чемпионшип, Ковентри и Бристол Сити ќе играат плеј-оф

Лидс Јунајтед славеше драматична победа од 1:2 на гостувањето кај Плимут во последното коло од Чемпионшип лигата на Англија и ја обезбеди титулата во второто по ранг англиско фудбалско натпреварување. Лидс Ј. заедно со Барнли од претходно го потврдија...

Последниот меч за Велс го одигра во Скопје: Ален оди во пензија!

Велшкиот фудбалски репрезентативец кој пред само неколку месеци играше и на мечот од квалификациите за СП 2026 против Македонија во Скопје, Џо Ален, најави завршување на играчката кариера. Играчот од средниот ред на Свонси, одлучи да ги закачи копачките...

Астон Вила минимално против Фулам, но доволно да остане во трка за ЛШ (ВИДЕО)

Со голот на Јури Тилеманс фудбалерите на Астон Вила славеа попладнево на меч од новото коло во Премиерлигата против Фулам со 1:0 и успеаја да дојдат до уште една многу важна победа во трката за место во Европа и...

Шпанците пишуваат дека Анчелоти му кажа „ДА“ на Бразил, тој се уште тактизира

Карло Анчелоти проговори за гласините околу неговото назначување во бразилската репрезентација. „Го сакам клубот, играчите и навивачите, имам почит кон нив. Ќе ви кажам за мојата иднина на 25 мај, не порано.“ Денеска весникот „Ас“ објави информација дека Италијанецот ја прифатил...

Нaјнови вести