Дома ТОП Страница 2400

ТОП

Трето злато за Кина: Гу е нова олимписка шампионка во Биг-Ер (ВИДЕО)

Кинеската скијачка Ајлин Гу ја освои титулата во слободно скијање во дисциплината Биг Ер на Зимските олимписки игри во Пекинг. Таа утрово ја победи конкуенцијата предводена од Французинката Тес Ледо и Швајцарката Матилде Жермо кои исто така се искачија...

Серијата победи продолжува: Голден Стејт славеше и деветтипат во низа

Кошаркарите на Голден Стејт синоќа го совладаа тимот на Оклахома со 110:98 и така дојдоа до деветтиот последователен триумф во НБА лигата. Клеј Томпсон го предводеше гостинскиот тим со 21 поен, на Стивен Кари му недостасуваше еден скок за...

ЗОИ 2022: Мајер го одбрани олимпиското злато во Супер-Џи

Австриецот Матијас Мајер ја одбрани својата олимписка титула во супервелеслалом, откако утрово беше најдобар и на патеката Јанкинг на Зимските олимписки игри во Пекинг. Тој славеше со четири стотинки предност пред сребрениот Американец Рајан Кокран-Сигл и 42 стотинки пред бронзениот...

Билбао го совлада Еспањол, централните бекови „режираа“ победа (видео)

Атлетик Билбао извојува победа над Еспањол со 2:1 во 23. коло на шпанската Ла Лига. Сите три гола паднаа во првото полувреме. Тони Вилена донесе водство за Еспањол во 3. минута, а само две минути подоцна Сансет изедначи. Во 16....

Весело во Сенегал – Илјадници луѓе ги пречекаа новите африкански шампиони! (фото+видео)

Сенегал за прв пат во историјата стана шампион на Африка. Фудбалерите и стручниот штаб вечерва пристигнаа во Дакар, престолнината на Сенегал каде беа пречекани од илјадници луѓе на улиците. Автобусот не можеше да се пробие од толпата народ, а...

Зидан го постави условот за да дојде во ПСЖ

Маурицио Покетино е на излезната врата во ПСЖ, а за негов наследник веќе на големо се најавува Зинедин Зидан. Францускиот стручњак веќе го поставил условот за да седне на клупата на „светците“. Според „Daily Mail' од раководството на клубот побарал да...

Е.Пелистер тргна со победа во СЕХА, го урна Партизан среде Белград

Е.Пелистер со победа ја отвори новата сезона во СЕХА-лигата, откако на гостувањето кај Партизан славеше со 23-25 (10-13). Битолчани беа подобар противник, единствена мака видоа после 36. минута кога по своја вина им дозволија на ракометарите на српскиот тим...

Ставре Јада подготвен пред утрешниот настап на ЗОИ!

Утре нешто пред 10 часот во македонско време, Ставре Јада ќе го има својот настап на ЗОИ во Пекинг. Тој ќе се натпреварува во категоријата и тоа во дисциплината спринт слободно на 1,5 км. “На овие ЗОИ во Пекинг ќе...

Промоција: Аврамовски во дресот на Сараево! (ВИДЕО)

“Опасна левица на македонската репрезентација дојде во нашиот клуб“- ова е најавата на ФК Сараево при промоцијата на Даниел Аврамовски. Готово е, Цујо во наредните две години ќе го носи “бордо“ дресот на гигантот од БиХ. “Среќен сум поради моето...

Доста е веќе: ПСЖ му спрема шут- карта на Леонардо!

Како што пренесуваат медиумите во Франција, пребогатите газди на ПСЖ имаат намера да го сменат спортскиот директор на клубот Леонардо. Имено тие не биле задоволни од работата на Бразилецот кого го посочуваат како најголема пречка за доведување на Зинедин...

Нaјнови вести